Дома
Денес е 20.11.2008, 21:41 часот
 
 
Мени
Дома
За БФМ
Бадминтон
Календар
Клубови
Резултати
Судии
Ранг листа
Е - Пошта
Коментари
Клипчиња
Успеси
Фото албум
Логирајте се





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Статистика
Членови: 86
Вести: 107
Веб-линкови: 5
Посетители: 96959
Признанија
Моментно време
Скопје:2°C, 1015mb
Охрид:9°C, 1017mb
Прилеп:8°C, 939mb
Виница:3°C, 1095mb
Новости >> Промоција на книгата "Бадминтон" 2008
Напишано од Бојан Костадинов   
на 15.11.2008, во 20:08 ч.

   Деновиве излезе од печат книгата "Бадминтон", издание кое за првпат теоретски се осврнува на една спортска игра која кај нас е се повеќе во експанзија.

Авторот Тасевски Горан, селектор на македонската репрезентација во бадминтон, на интересен начин успеа теоретските основи на бадминтонот да му ги доближи и на обичниот читател, а воедно прави и кратка ретроспектива на зачетоците и развојот на овој сеуште неафирмиран спорт кај нас.

 Промоцијата на "Бадминтон" беше направена во рамките на шестото издание на традиционалниот бадминтон турнир "13 ноември" кој оваа година се одржа од 11-13.11.2008 година во Средното Угостителско Училиште "Лазар Танев" во Скопје.

Зад ова успешно издание на првата специјализирана книга за овој спорт во Македонија стојат издавачката куќа Темплум и Бадминтон Федерацијата на Македонија.

book clipart

   Цената на книгата е 350 денари, а сите заинтересирани можат да се обратат кај селекторот Тасевски Горан преку електронска пошта на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .

Последно ажурирање ( на 15.11.2008, во 21:17 ч. )
Прочитај повеќе...
 
Новости >> Купот на Македонија во Виница 2008
Напишано од Диме Стефановски   
на 01.11.2008, во 21:02 ч.

   Натпреварувачката комисија при БФМ ги известува сите клубови дека годинашниот Куп на Македонија во бадминтон ќе се одигра на 06 и 07 декември 2008.

Организатор и домаќин на купот и оваа година ќе биде бадминтон клубот "Винчини" од Виница, а покровител ТП "Макпрогрес". Ќе се игра во сите категории, по минатогодишниот систем.

Организиран е превоз на релација Скопје-Виница-Скопје, со поаѓање во 09:00 часот од Скопје на 06.12.2008, од пред Феријален хотел. Поаѓањето од Виница ќе биде на 07.12.2008, веднаш по церемонијата на затворање и доделување на наградите.

Котизацијата за учество е 1200 денари по учесник и оваа сума вклучува превоз, сместување со појадок и вечера и организација на натпреварувањето.

Badminton Makedonija

   Други подетални информации може да добиете на телефон 02/3119 537, или од Анастасов Дарко, претседател на Натпреварувачката Комисија при БФМ.

Последно ажурирање ( на 01.11.2008, во 22:15 ч. )
Прочитај повеќе...
 
Новости >> Балканско Првенство за Ветерани 2008
Напишано од Бојан Костадинов   
на 31.10.2008, во 00:15 ч.

Балканската Бадминтон Федерација известува дека Балканското првенство за ветерани 2008 ќе се одржи во периодот 28-30.11.2008 во Стара Загора, Бугарија.

Натпреварувањето ќе биде во 4 возрасни категории: 35+, 42+, 49+ и 55+. Ќе се игра во дисциплините мажи единечно, жени единечно, машки двојки, женски двојки и мешани двојки.

Домаќинот предлага сместување во 3 хотела:

1. Хотел "Hijata" - 30 евра (1/2 соба, полн пансион, за човек)
2. Хотел "Zeleznik" - 40 евра (1/2 соба, полн пансион, за човек)
3. Хотел "Vereja" - 50 евра (1/2 соба, полн пансион, за човек)

Првите три пласирани натпреварувачи (парови) во секоја возрасна категорија и секоја дисциплина ќе бидат наградени.

Camp

Сите заинтересирани за учество или посета на првенството треба да се пријават најдоцна до 15.11.2008 во БФМ на тел. 070/24 36 25 или 02/3119 537 поради обезбедување на визи, сместување и превоз.

Последно ажурирање ( на 31.10.2008, во 01:28 ч. )
Прочитај повеќе...
 
Партнери
Фото Албум
Кој е тука?
Имаме 1 гости(н) на оваа страница
 
Горе! Горе!