Бадминтон е рекетен спорт кој се игра или помеѓу двајца противнички играчи (поединечно), или помеѓу два противнички пара (двојки). Играчите (паровите) завземаат позиции на спротивните половини од теренот кој е одделен со мрежа.
Играчите го удираат перото со нивните рекети, така да тоа премине преку мрежата на спротивната половина. Поенот завршува кога перото ќе падне на земјата: секој удар мора да се одигра како "волеј". Во двојки, било кој играч смее да го удри топчето (спротивно од пинг-понг), освен на сервис, меѓутоа само еден удар е дозволен пред перото да отиде на спротивната половина.
Играчите освојуваат поен доколку перото слета во противничкото поле, или ако противниците не успеат да го удрат перото преку мрежата или го удрат надвор.

Слика 1. Терен за бадминтон (превземено од BWF)
Конечно, еве ги правилата на игра според;BWF(скратена верзија):
- Еден натпревар се игра на подобар од 3 сетови до 21 поен
- Страната која ќе го освои сетот сервира прва во наредниот
- на 20-20, страната која ќе обезбеди 2 поени разлика, го освојува сетот
- на 29-29, страната која ќе го освои следниот поен, го освојува сетот
- Кога првиот играч (пар) ќе освои 11 поени, играчите добиваат 1 минута одмор
- Помеѓу два сета, 2 минути одмор се дозволени
- Во третиот сет, страните ги менуваат местата, кога првиот играч (пар) ќе освои 11 поени
- Кога бројот на освоени поени е парен, играчот (парот) сервира од десната страна, во спротивно, сервира од левата страна
- Во двојки, играчите ги менуваат страните само кога ќе освојат поен на свој сервис.
Инаку, кога е во прашање овој спорт, мора да се споменат и неколку куриозитети како:
-Најголемата брзина на перцето при смеч досега е измерена оваа 2009 година и инесува 421 км/час (од страна на машки играч) што го прави бадминтонот најбрз рекетен спорт во светот.
- Помеѓу една промена на сервис, играчот понекогаш смечира и повеќе од 10 пати во серија- се работи за навистина силни и експозивни смеч удари кои, и покрај нивната силина и брзина, се пресретливи за противничкиот играч што е дополнителен куриозитет.
- За време на еден меч кој се состои од три добиени сета до 21 поен, играчот поминува/претрчува повеќе од 6 километри што е најмалку двојно повеќе од тенисот.
- Со оглед на фактот што опремата за бадминтон, односно рекетот кој тежи од 80 до 100 грама и перцето кое тежи 5 грама, е исклучително лесна, бадминтон играчите изведуваат од најекспозивни до најфини движења со рекетот и сопственото тело што го чини овој спорт привлечен за гледање.
|