|
Новости >> Меѓународни Тренинг Кампови 2008 |
|
Напишано од Бојан Костадинов
|
|
на 07.08.2008, во 15:51 ч. |
|
Бадминтон Федерацијата на Македонија ве информира дека во периодот од 4 до 31 август 2008 ќе се одржи 3-тата сесија од Меѓународниот тренинг камп во Софија, Р. Бугарија.. На овој камп ќе учествуваат играчи и тренери од повеќе држави, а од нашата земја учество ќе земат: Марко Накич, Деа Здравковска и Драгана Волкановска. Повеќе информации за кампот можете да најдете ТУКА.
Во истиот период, нашиот најперспективен играч, Васил Пујовски, ќе тренира (еден месец) во главниот град на Република Хрватска, Загреб.
БФМ ве известува и дека во тек се подготовките за организација на Балканијадата за играчи до 13 години, која ќе се одржи од 2-6 септември 2008, во нашата држава. |  |
Повеќе информации можете да најдете на официјалните сајтови на Европската Бадминтон Федерација и Светската Бадминтон Федерација (линковите подолу)... |
|
Последно ажурирање ( на 07.08.2008, во 22:48 ч. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Новости >> Бронзени медали за Македонија на NCBI 2008 |
|
Напишано од Бојан Костадинов
|
|
на 22.07.2008, во 07:51 ч. |
|
Нашите репрезентативци се вратија со повеќе бронзени медали од интернационален турнир North Cyprus Badminton International 2008, кој се одржа од 18-20 јули 2008 во Лефкоза, Кипар. Имено, нашата репрезентација во екипниот дел од турнирот го освои третото место, што претставува наш најголемиот меѓународен успех во екипна конкуренција досега. Првото место го освои екипата на Турција, а второто екипата на домаќинот Кипар. Покрај третото место во екипна конкуренција, нашите репрезентативци освоија и повеќе бронзени медали во поединечна конкуренција. Имено, Бојан Костадинов и Мартин Стојановски го освоија третото место во категорија на машки двојки, додека Деа Здравковска и Драгана Волкановска, како и Моника Нелоска, освоија трето место во категорија на женски двојки. Бронзени медали освоија и нашите претставници во категорија на мешани двојки: [Бојан Костадинов и Драгана Волкановска], како и [Јовица Марковски и Деа Здравковска]. |  |
Конечниот пласман во поединечна конкуренција можете да го најдете подолу (прочитај повеќе). Директен линк до фотографиите од овој турнир имате ТУКА. |
|
Последно ажурирање ( на 22.07.2008, во 21:16 ч. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Новости >> Втор Руски Спортски Фестивал 2008 |
|
Напишано од Бојан Костадинов
|
|
на 22.07.2008, во 21:19 ч. |
|
Македонските претставници во бадминтон на вториот Руски Спортски Фестивал 2008, кој оваа година се одржа од 7-13 јули во Моска, Русија, се вратија со освоени еден сребрен и два бронзени медали. Наши претставници во бадминтон на овој настан беa: Кристијан Петровски, Димитрина Силјановска и Анастасија Силјановска. Екипата ја предводеше Дарко Анастасов. Кристијан Петровски успеа да освои сребрен медал во категорија на машки двојки, додека Димитрина и Анастасија Силјановски го освоија бронзениот медал во категорија на женски двојки. Нашите претставници освоија и повеќе четврти места (машки единечно и мешани двојки). Инаку, Рускиот Спортски Фестивал претставува натпреварување во повеќе спортови (меѓу кои и бадминтонот) кое се одржува на секои две години. | |
Албумот со фотографии од турнирот во бадминтон на Вториот Руски Спортски Фестивал 2008, можете да го најдете во форумот на нашиот веб-сајт (или преку директен линк ТУКА). |
|
Последно ажурирање ( на 22.07.2008, во 19:11 ч. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|